| четврток, 6 декември 2018 |

Фоњини го гаѓаше Ѓоковиќ со рекет, Ноле со ново шоу ја импресионираше публиката (видео)

novak

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини видно изнервиран по еден освоен поен на Ѓоковиќ го подигна рекетот и го фрли преку мрежата на половината на српскиот тенисер.

Сепак на гестот на Италијанецот и двајцата се насмеаја. За време на осминафиналето на Австралија опен, Ѓоковиќ буквално си поигруваше со Фоњини кој успеа да освои само пет гемови во поразот од 3-0.


Фоњини во текот на целиот меч се обидуваше да ја импресионира публиката и се обиде да ја наведе на навива за него, но тоа не му успеа. Ѓоковиќ пак и во овој натпревар имаше свое шоу во кое на оригинален начин го имитираше неговиот тренер Борис Бекер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top