Со проекцијата на македонскиот филм „Ова не е американски филм”, во режија на Сашо Павловски, во рамките на „Нов балкански филмски фестивал“ (Balkan New Film Festival), во саботата во Стокхолм почнаа Деновите на македонската култура во Шведска. Тоа е манифестација преку која во текот на оваа година со неколку културни содржини ќе бидат одбележани две децении дипломатски врски меѓу Република Македонија и Шведска.
Кире Илиоски, амбасадорот на Република Македонија во Кралството Шведска ја прогласи манифестацијата, која е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и на Министерството за култура, за отворена.Тој пред присутните и дипломатскиот кор изрази надеж дека „Balkan New Film Festival“ со својот уметнички концепт ќе прерасне во традиционална и препознатлива филмска манифестација што се темели на регионалната соработка и интеграција во доменот на културата. Тој во своето обраќање истакна дека очекува македонскиот филм сѐ повеќе да биде присутен на филмската мапа во Шведска и во Скандинавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците


