
Членови на високото партиско раководство на СДСМ се офајдиле од тендери и договори за јавни набавки. Курир објави документи, според кои, како што пишува порталот се покажува декаод системот за испумпување на народни пари не се офајдиле само фирмите на членовите од потесното семејство на Зоран Заев и неговите бизнис ортаци, туку сега, списокот со соучесници и добитници на овие тендери се проширува и со раководството на СДСМ.

Имено, фирмата Еволвинг ДОО од Скопје, чиј сопственик е Пеце Мирчески, кој важи за близок соработник на Зоран Заев, актуелен член на Извршниот Одбор на СДСМ и советник за внатрешна политика во кабинетот на поранешниот претседател на Р.Македонија Бранко Црвенковски, во октомври 2011 и јуни 2012 година, во 7 наврати склучила договори за јавни набавки со Општина Струмица во вкупна вредност од 1.621.428 денари.

Еден од овие седум склучени договори бил наменет за изработка на елаборат за заштита на животната средина, додека останатите 6 договори, кои биле склучени на ист ден (11.06.2012),биле наменети за изработка на стратегиска оцена за влијанието врз животната средина.
Градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ Зоран Заев, во смислениот систем за испумпување на пари од општината, очигледно не ги вклучил само својот татко, чичко, стрина и братучеди, туку и свои сопартијци и блиски соработници.

Според ова, во доделувањето и распределбата на тендерите во општина Струмица веќе не станува збор само за добро осмислен семеен бизнис на Заев, туку и за семејно – политички бизнис преку кој се искористуваат парите на граѓаните на Општина Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


