
Рома на „Олимпико“ со 3:0 го совлада Ливорно во 20. коло од Серија А. Серијата голови ја отвори Дестро уште во 6. минута. На 2:0 зголеми Стротман во 36. минута, а триумфот го комплетира Адем Љаиќ со погодок на единаесет минути пред крај на мечот.
Јувентус стигна до 12. победа по ред, триумфирајќи над Сампдорија со 4:2. Во 18. минута Јуве поведе преку Видал, а шест минути подоцна Фернандо Љоренте беше највисок по корнерот и ја смести топката во мрежата. Во 38. минута Барзаљи си постигна автогол, а за предност од два гола повторно се погрижи Видал овој пат од пенал. Сампдорија заигра подобро во второто полувреме и намали на 3:2 со погодокот на Габијадини во 70. минута, но Погба со мајсторски удар на 12 минути пред крај ги постави конечните 4:2.
Јуве останува на чело на табелата со 55 бода, пред Рома која има осум помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)


