
Во новиот коалициски договор којшто го подготвува владата на словенечката премиерка Аленка Братушек се предвидува и одржување на референдум за градење на втор блок на нуклеарната централа Кршко, објавува Словенечката телевизија.
Референдумот би се одржал пред завршувањето на редовниот мандат на актуелната влада, односно до 2015 година. Советодавниот референдум за можноста за изградба на вториот блок кој би чинел меѓу 3,5 и 4 милијарди евра би се одржал бидејќи вториот блок е предвиден со сѐ уште важечкиот план за развој на Словенија до 2023 година, но проблематично е финансирањето на тој проект, а на него се спротиставуваат и невладини организации.
Доколку новиот блокот би бил изграден, негов сопствени би била „Gen-energija”, компанија којашто управува со словенечкиот дел од нуклеарката Кршко. Можноста за градење на вториот блок, во случај на зголемување на потребите од електрична енергија и недостигот од други извори на енергија, прва во план го стави првата влада на премиерот Јанез Јанша во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


