Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во албанскиот Подградец има неформална средба со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати. На заеднички ручек разговарале за проектот „Луково Поле“, поточно околу зафаќањето на дел од водата на Радика, на што се противат локалната власт и граѓанскиот сектор од Дебар.
– Ова прашање треба да се реши во рамките на меѓународните норми и меѓудржавните договори на двете земји- се согласиле Ахмети и Бишати.
Разговарано е и за прашања околу состојбите во регионот, како и за поддршката на Албанија за интеграцијата на Македонија во евроатланските структури „каде улогата на Албанците како фактор на стабилност е повеќе од значајна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


