Репрезентацијата на Исланд ја победи екипата на Австрија во втората фаза наевропското првенство во ракомет.
Исланѓаните на крај славеа со 27:33 . Предводени од одличниот Сигурдсон, по првото полувреме, ракометарите на Исланд обезбедија водство од 9:17. Најефикасен ракометар во победничката екипа беше Сигурдсон со седум постигнати гола.
Исланд се искачи на третото место во групата со три освоени бода, колку што има и Унгарија. Шпанија и Данска, кои имаат по четири бода, вечерва го играат меѓусебниот дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


