Со добротворен концерт на плоштадот во Прилеп се собираа пари за обнова на конаците. Градоначалникот Ристески порача: почнува битката за големото светилиште Трескавец, тоа да се издигне повторно од пожарот и пеплиштата. Прилепчани застануваат простум како и пред 23 години.
Снегот кој напаѓа деновиве го направи патот до Трескавец непрооден, но не ги поколеба планинарите од „Картуш“да тргнат кон манастирот за да, како велат, го расчистат просторот за нова акција. Според планот ќе се работи во приземниот дел, а во следната акција ќе се постават скелиња за расчистување на катот на конаците. Општинското кординативното тело ја надгледува акцијата.
Од Координативното тело велат дека сите добронамерници кои сакаат да помогнат во расчистувањето се добредојдени, а своето учество да го пријават на телефонскиот број 076 425 102 или на електронската адреса treskavec@prilep.gov.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.