Урлик Вилбек, селекторот на Данска, смета дека македонската ракометна репрезентација се покажала цврста и покрај проблемите.
-По прикажаното против Македонија и против нас, лесно можеше и Чешка да се квалификува во наредниот круг, но тие потфрлија на мечот со Австрија. Македонија се покажа како цврста и покрај проблемите. Мојсоски е многу значаен играч за нив и многу им недостига. Сега со вклучувањето на Прибак очекувам да бидат уште посилни. Овој пат ве победивме нешто полесно, но факт е дека игравме дома, а сите претходни наши средби беа многу неизвесни и драматични – изјави Вилбек за „lazarovkirilл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.