Спасени се сите шест планинари кои денеска се загубија на Пелистер, јави телевизијата „Тера“.
Како што изјавија од Дирекцијата за заштита и спасување двајца од нив се спуштиле до Нижеполе и заради повредите кои ги здобиле од тркалањето по планинските терени, со возила на итната медицинска помош биле пренесени на клиниката во Битола. Потоа продолжила акцијата за спасување на останатите честворица планинари. Доцна попладнево кај 16:30 со полициски хеликоптер и екипа од Дирекцијата за заштита и спасување, извлечени се и останатите четвори планинари. Исто така биле пречекани од медицински екипи и биле пренесени на преглед во итната медицинска помош во Битола.
Станува збор за млади лица кои денеска се качуле кон врвот Пелистер и како што велат од дирекцијата биле со несоодветна облека за временските неприлики кои владеат горе на врвот на Баба планина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.