| четврток, 6 декември 2018 |

Протече снимка од големото спасување планинари на Шапка (видео)

Голема спасувачка акција на Шара. Две недели по спасувачките акции на планината Шара кога беа пронајдени исчезнатите француски, косовски и македонски државјани, Планинска спасителна служба (ПСС) објави видео и детален извештај за целата акција која се одвивала во особено тешки зимски услови.

Раководителот на спасителата служба, Дарио Милошевиќ кој учествувал на повеќе од 700 интервенции во македонските планини и ски центри, укажува дека со лоцирање на нивните мобилни телефони, со сателитски снимки и ГПС уред во екстремно тешки услови како густа магла, силен ветар, ноќ, и ниски температури, на тежок терен со амбиси и многу карпи, успешно се пронајдени и спасени странските туристи.

Двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово на 10 февруари залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка, единствено што знаеле е дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.

Некаде околу 17.50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати и со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.

извор: макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top