| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа на Пелистер, со хеликоптер се извлекуваат четворица планинари

Pelister-rep-2

Шесмина планинари доживеале несреќа на планината Баба, на врвот Пелистер над Малото езеро поради лошите временски услови. Двајца од нив се лизнале низ стрмнината, при што се здобиле со лесни повреди. Останатите четворица се извлекуваат со хелихоптер на МВР.

Двете лица побарале помош од надлежните институции за извлекување. Според најновите информации од РЦУК Битола, лицата се со лесни телесни повреди и веќе се однесени во клиничката болница во Битола за да им се изврши преглед на здравствената состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top