| четврток, 6 декември 2018 |

Грк во затвор поради исмејување монах

Гркот Филипос Лоизос, кој отвори профил на „Фесјбук“ поради исмејување на еден многу почитуван православен монах Пајсиј Светогорец, е прогласен за виновен за богохулство и осуден на затворска казна во траење од десет месеци, објавија денеска локалните медиуми.

Повеќе од илјада Грци на социјалните мрежи го изразија своето противење против апсењето на 28-годишниот Лоизос, кој ја искористи играта на зборовитре во името на отецот Пајсиј (Paisos) и ги замени со името на традиционално грчко јадење од тестенини и мелено месо (pastitsos), пренесува „Ројтерс“.

– Тој се занимаваше со сатира во земјата во која сатирата е родена – изјави денеска неговиот адвокат и додаде дека неговиот клиент немал никакви намери да ја навреди православната црква.

Лоизос поднесе жалба на пресудата и нема да оди во затвор сѐ додека неговиот случај не биде изнесен пред Апелационен суд, изјави неговиот адвокат. Тој е обвинет за навреда на религијата и злонамерно богохулење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top