Ова е најмалиот атонски монах Михаил (12 години). Дванаесетгодишниот Михаил, кој живее на Света Гора Атон, неочекувано стана ѕвезда на познат магазин. Толку мало момче, верник во Христа и исповедувајќи го својот живот, невообичаено ги воодушеви читателите, кои веќе не се одзиваа на обичните сензации.
Неговите родители се од Романија. Самиот Михаил живееше со родителите во Рим. Помагаше вo храм од пет години. И еве, ги остави родителите, браќата и сестрите и се пресели на Света Гора.
Момчето ги виде монасите старци Даниил и Герасим и оган се распали во неговото срце. И тој замина за Атон, каде се пресели во скитот Продром (романски православен скит на Света Гора Атон).
Еве краток дијалог од статијата:
-Што е со твоето семејство? Си спомнуваш ли за мајка ти, браќата и сестрите?
-Се разбира, но Бог ме утешува. Кога носталгијата ќе стане неподнослива, јас одам во кругот на скитот Продром.
-А што е со училиштето?
-Јас морам најпрвин да го изучам грчкиот јазик. А потоа јас ќе го учам следниот курс во гимназија.
-А од каде ти зема толку мало расо (мантија, свештеничка облека)?
-Него ми го соши отец Атанасиј Продромитис…
Извор: galama.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.