Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон повторно е во центарот на вниманието на медиумите.
Според пишувањата на американскиот магазин „Нешнел енквирер“, холивудската глумица и нејзиниот свршеник Џастин Тероу бараат сурогат-мајка.
– Анистон и Џастин се во потрага по сурогат-мајка – рече извор за магазинот. Двојката добила инспирација од познатата глумица Никол Кидман, која на ист начин стана мајка.
– Двајцата одлучиле дека тоа е најдобарата работа за нив и сега бараат идеална кандидатка за нивното дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.