| четврток, 6 декември 2018 |

Кај кого треба да „притисне“ Македонија?

Во 2014 го­ди­на во европ­ска­та по­ли­ти­ка ќе се слу­чат те­ктон­ски ка­дров­ски про­ме­ни. Мно­гу­ми­на од оние што до­се­га беа на вр­вот на пи­ра­ми­да­та ова вре­ме в го­ди­на ќе си за­ми­нат во исто­ри­ја­та или во фон­да­ции и ин­сти­ту­ти. Не­кои ќе се вра­тат во сво­и­те вла­ди или дру­ги на­ци­о­нал­ни ин­сти­ту­ции, а жи­во­тот во Бри­сел и во Страз­бур ќе про­дол­жи. И ту­ка се отво­ра глав­но­то пра­ша­ње за Ма­ке­до­ни­ја. Под­го­тве­ни ли се ма­ке­дон­ски­те дип­ло­мат­ски стру­кту­ри за про­ме­ни­те во ка­дров­ска­та но­менк­ла­ту­ра на ЕУ? Има ли план ка­ко во на­ред­ни­ве че­ти­ри-пет ме­се­ци да се прод­ла­бо­чат ста­ри­те при­ја­телс­тва, ка­ко да се соз­да­дат но­ви при­ја­те­ли, ка­ко да се „вр­зу­ва­ат“ лич­но­сти и, ако тре­ба, ка­ко ди­рект­но да се под­др­жу­ва­ат лу­ѓе­то што во на­ред­ни­от ман­дат на Европ­ска­та ко­ми­си­ја и на Европ­ски­от пар­ла­мент ќе до­не­су­ва­ат од­лу­ки. Не­кои од тие од­лу­ки се важ­ни за Ма­ке­до­ни­ја

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Што мо­же да до­бие Ма­ке­до­ни­ја, а што да за­гу­би со нај­но­во­то ме­ша­ње на кар­ти­те во европ­ски­те ин­сти­ту­ции? Мо­же ли зем­ја­ва да ја по­до­бри сво­ја­та по­зи­ци­ја по за­ми­ну­ва­ње­то на Жо­зе Ма­ну­ел Ба­ро­со од пре­тсе­да­тел­ска­та по­зи­ци­ја во Европ­ска­та ко­ми­си­ја во ја­ну­а­ри 2015 го­ди­на? Кои се мож­ни­те кан­ди­да­ти за не­гов нас­лед­ник и да­ли Ма­ке­до­ни­ја има не­ка­кви вр­ски со нив? Има­ат ли дип­ло­мат­ски­те прет­став­ниш­тва во странс­тво па­ри и ло­ги­сти­ка за да ги за­поз­на­ат, па и да ги убе­дат де­ка Ма­ке­до­ни­ја е жр­тва на грч­ка­та по­ли­ти­ка? До­кол­ку ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја ве­ќе ги има од­го­во­ри­те на овие пра­ша­ња, по­стои на­деж де­ка зем­ја­ва мо­же да си по­мог­не во европ­ски­те ку­ло­а­ри. До­кол­ку овие пра­ша­ња не се на дне­вен ред на вла­ди­ни­те и на ми­ни­стер­ски­те со­ста­но­ци, то­гаш, осо­бе­но што па­ри за ва­кви актив­но­сти не се пред­ви­де­ни со Бу­џе­тот, Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де нем наб­љу­ду­вач на про­це­си­те од кои зна­чи­тел­но мо­же да за­ви­си неј­зи­на­та ид­ни­на.

Бла­го­да­ре­ние на Ли­са­бон­ски­от до­го­вор, Европ­ски­от пар­ла­мент од овој из­бо­рен цик­лус има пре­суд­но вли­ја­ние врз из­бо­рот на нас­лед­ни­кот на Ба­ро­со и не­го­ви­те ко­ме­са­ри. Европ­ски­те гра­ѓа­ни прв­пат ќе мо­жат ди­рект­но да вли­ја­ат врз из­бо­рот на пр­ви­те лу­ѓе на Ко­ми­си­ја­та за­тоа што на след­ни­те из­бо­ри за ЕП тие ќе мо­жат да ви­дат кои се но­си­те­ли­те на ли­сти­те на глав­ни­те по­ли­тич­ки гру­пи во ЕП што во исто вре­ме се и кан­ди­да­ти за пре­тсе­да­тел на Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Пра­ша­ње­то за ле­ги­ти­ми­те­тот на ше­фот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, кој и спо­ред са­ми­от Ба­ро­со е проб­лем, пред сѐ, по­ра­ди ма­ли­от од­ѕив од 43 про­цен­ти на пос­лед­ни­те из­бо­ри во 2009 го­ди­на, отво­ра мал, но ре­а­лен про­стор Ма­ке­до­ни­ја да се оби­де да тр­гу­ва со сво­ја­та ди­јас­по­ра во зем­ји­те-член­ки на ЕУ.

Не­о­фи­ци­јал­ни­те про­це­ни ве­лат де­ка пре­ку по­ло­ви­на ми­ли­он Ма­ке­дон­ци или лу­ѓе по по­тек­ло од Ма­ке­до­ни­ја ќе има­ат пра­во да гла­са­ат на мај­ски­те из­бо­ри за евро­пра­те­ни­ци. До­кол­ку до­маш­ни­те пар­тии се до­го­во­рат си­те свои вли­ја­ни­ја да ги на­со­чат кон еден од нај­се­ри­оз­ни­те кан­ди­да­ти и на тој на­чин да обез­бе­дат сто­ти­ци ил­ја­ди гла­со­ви за еден од кан­ди­да­ти­те, зем­ја­та зна­чи­тел­но мо­же да ја по­до­бри сво­ја­та по­зи­ци­ја во пре­срет на ид­ни­те од­лу­ки по­вр­за­ни со Ма­ке­до­ни­ја.

goran-kol-24-2

Грч­ко­то сон­це пре­сил­но за Ба­ро­со

Иа­ко европ­ски­те за­ко­ни и пра­кти­ка за­бра­ну­ва­ат ло­би­ра­ње во кое европ­ски­те функ­ци­о­не­ри зе­ма­ат па­ри или ко­ри­стат дру­ги бе­не­фи­ции за да има­ат одре­ден став за дел од пра­ша­ња­та кои се поврзани со распределба на па­ри, јав­на тај­на е де­ка во оваа игра, во ко­ја се вклу­че­ни сто­ти­ци лу­ѓе, ком­па­нии, аген­ции за од­но­си со јав­но­ста, ло­би­сти, по­ра­неш­ни по­ли­ти­ча­ри, зна­чи­тел­на уло­га има­ат фон­до­ви­те со кои се по­ма­га­ат кам­па­њи­те на кан­ди­да­ти­те и на пар­ти­и­те. Ако по­крај до­бра­та ор­га­ни­за­ци­ја при обез­бе­ду­ва­ње под­др­шка пре­ку, на при­мер, актив­но­сти на ма­ке­дон­ски­те друш­тва во ди­јас­по­ра­та, зем­ја­та нај­де и па­ри за фи­нан­си­ра­ње на дел од ло­ги­сти­ка­та, мож­но­ста да се по­мог­не во те­кот на кам­па­ња­та не е за­не­мар­ли­ва. Со ог­лед на пра­ви­ла­та спо­ред кои екск­лу­зив­но пра­во за во­де­ње кам­па­ња на из­бо­ри­те за ЕП има­ат „евро­пар­ти­и­те“, по­точ­но пар­ти­и­те што има­ат стру­кту­ра на европ­ско ни­во и кон­та­кти, а кои ре­дов­но се кон­сул­ти­ра­ат и со сво­и­те ше­фо­ви на вла­ди и др­жа­ви, Ма­ке­до­ни­ја има про­стор за тр­го­ви­ја. Кол­ку и да е таа ма­ла, се­пак мо­же да би­де иско­ри­сте­на за вли­ја­ние.

Се раз­би­ра, Ма­ке­до­ни­ја не­ма ни­ту мо­ре ни­ту јах­та ка­ко таа на ко­ја пред не­кол­ку го­ди­ни ле­ту­ва­ше акту­ел­ни­от шеф на Европ­ска­та ко­ми­си­ја и со тоа шан­си­те да се „спри­ја­те­ли“ со не­кој од ид­ни­те евро­функ­ци­о­не­ри што ќе ни ја ре­ша­ва­ат ид­ни­на­та се по­ма­ли, но не се и не­по­стој­ни. Од­не­су­ва­ње­то на Ба­ро­со во те­кот на не­го­ви­те два ман­да­ти ре­тко кој мо­же да не го про­тол­ку­ва ка­ко „при­страс­но“ во пог­лед на спо­рот за име­то. За­тоа, ако ве­ќе не е пре­доц­на, Ма­ке­до­ни­ја, по­крај ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и По­вел­ба­та на ОН, мо­ра да поч­не да дејс­тву­ва на ист на­чин на кој раз­мис­лу­ва­ат и дејс­тву­ва­ат и неј­зи­ни­те европ­ски при­ја­те­ли. Осо­бе­но ка­ко што раз­мис­лу­ва­ат на­ши­те грч­ки при­ја­те­ли.

За не­кои од кан­ди­да­ти­те ве­ќе не­ма по­тре­ба да се че­ка. Гру­па­та на европ­ски­те со­ци­ја­ли­сти ве­ќе се опре­де­ли за Мар­тин Шулц, се­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел на Европ­ски­от пар­ла­мент. Мо­же ли Ма­ке­до­ни­ја да вли­јае врз гер­ман­ски­от „те­шкаш“, ка­ко што го на­ре­ку­ва­ат Шулц во европ­ски­те ме­ди­у­ми, за­ви­си од умеш­но­ста на ма­ке­дон­ски­те дип­ло­ма­ти, но и од не­го­ви­те лич­ни по­ли­тич­ки прин­ци­пи. Ако се су­ди спо­ред из­ја­ва­та да­де­на за срп­ски­те ме­ди­у­ми во вр­ска со про­ши­ру­ва­ње­то, Шулц не е нај­до­бри­от из­бор за Ма­ке­до­ни­ја, но со­се­ма спро­тив­на е при­каз­на­та ако се су­ди спо­ред по­ра­ка­та што тој му ја пре­не­се на пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов на нив­на­та сред­ба во сеп­тем­ври 2012 го­ди­на. То­гаш прин­ци­пи­ел­ни­от гер­ман­ски по­ли­ти­чар му ре­кол на ма­ке­дон­ски­от пре­тсе­да­тел де­ка сѐ до­де­ка тој е на че­ло на ЕП, Ма­ке­до­ни­ја ќе ја има не­го­ва­та под­др­шка. Освен Гр­ци­ја, не­ма дру­га при­чи­на за тој да го про­ме­ни ста­вот до­кол­ку во мај го нас­ле­ди Ба­ро­со.

goran-kol-24-3

Ли­бе­ра­ли­те, поз­на­ти под кра­тен­ка­та АЛДЕ, нај­ве­ро­јат­но, ќе го из­бе­рат Оли Рен, кој ни ѝ до­бро поз­нат би­деј­ќи бе­ше евро­ко­ме­сар за про­ши­ру­ва­ње пред Ште­фан Фи­ле. Фи­не­цот пред ко­неч­ни­от из­бор ќе има се­ри­оз­ни про­тив­ни­ци, по­ра­неш­ни­от бел­ги­ски пре­ми­ер и пре­тсе­да­вач со АЛДЕ, Гај Вер­хоф­штад, и Ги­до Ве­стер­ве­ле, ек­сше­фот на гер­ман­ска­та дип­ло­ма­ти­ја. Со си­те трој­ца Ма­ке­до­ни­ја до­се­га има­ла бли­ски сред­би. Да­ли тие се убе­де­ни во ис­прав­но­ста на ма­ке­дон­ска­та при­каз­на и што мо­же да се на­пра­ви за да би­де та­ка е отво­ре­но пра­ша­ње.

Се раз­би­ра, исто ка­ко и кај АЛДЕ, и кај зе­ле­ни­те има ма­ла ве­ро­јат­ност да го до­би­јат ме­сто­то пре­тсе­да­тел на ЕК, но и тие се во игра. Кај нив, во отсус­тво на ле­ген­дар­ни­от Да­ни­ел Кон Бен­дит, кој се пов­ле­ку­ва, се шпе­ку­ли­ра со Ре­бе­ка Хармс од Гер­ма­ни­ја, ко­ја ни е мал­ку поз­на­та, и со Фран­цу­зи­нот Жо­зе Бо­ве.

goran-kol-24-1

За Ма­ке­до­ни­ја по­важ­но од зе­ле­ни­те и од АЛДЕ е кој ќе би­де кан­ди­дат на европ­ски­те кон­зер­ва­тив­ци, кои, и по­крај ан­ке­ти­те на кои бла­го во­дат со­ци­ја­ли­сти­те, сѐ уште се се­ри­о­зен кан­ди­дат за по­бед­ник на мај­ски­те из­бо­ри. До­кол­ку ве­ќе не е пре­доц­на за гра­де­ње сил­ни вр­ски, зем­ја­та има са­мо 60 де­на за да вос­по­ста­ви мо­сто­ви кои би ѝ да­ле мож­ност да до­бие ма­кар и ди­скрет­на по­мош ко­га на ма­са ќе би­де ма­ке­дон­ско­то до­сие.

Пре­ми­е­рот со нај­долг стаж во европ­ска член­ка, кој Лу­ксем­бург го во­де­ше це­ли 19 го­ди­ни, е еден од нај­се­ри­оз­ни­те кан­ди­да­ти за по­зи­ци­ја­та на Ба­ро­со. Жан Клод Јун­кер нај­го­лем кон­ку­рент за­се­га има во пол­ски­от пре­ми­ер До­налд Туск, кој, исто ка­ко и Јун­кер, ќе са­ка да ја иско­ри­сти пред­но­ста што до­а­ѓа од зем­ја што не е дел од гру­па­та го­ле­ми и сил­ни член­ки на ЕУ. Ток­му по­ра­ди пос­лед­на­та при­чи­на, фран­цу­ски­от евро­ко­ме­сар за вна­тре­шен па­зар и ус­лу­ги, Ми­шел Бар­ние, не е нај­го­лем фа­во­рит за оваа по­зи­ци­ја.

(објавено во 71. број на неделникот „Република“, 10.01.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top