| четврток, 6 декември 2018 |

Одиме на Марс!

НАСА ги објави нивните планови за конструирање на најголемата ракета, која ќе го однесе човекот каде до сега никој не бил – на Марс. Првиот пробен лет е закажан во 2017 година.

Во однос на оваа ракета, оние со кои луѓето беа на Месечината изгледаат минијатурно. „СЛС“ како што ја нарекуваат научниците, ќе биде долга преку 120 метри и тешка скоро 3 милиони килограми. Ќе биде во можност да носи и до 130 тони во вселената и ќе биде користена за „интерпланетарни“ задачи.

Најголемата ракета ќе има задача да ги пренесува астронаутите до Меѓународните вселенски станици, а научниците од НАСА се надеваат дека еден ден ќе им помогне да ги истражат деловите од вселената каде човекот никогаш не отишол. Научниците од НАСА тврдат дека оваа ракета еден ден ќе го однесе човекот на Марс.

– „СЛС“ би требало да помогне да се поврзе научната област за истражување – вели Џон Грансфилд, астронаут и асистент за наука во седиштето на НАСА во Вашингтон.

Би требало да биде лансирана во 2017 година, а покрај тоа што ќе ги пренесува астронаутите, ракетата ќе може да носи товар од 143 тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top