Живко Мукаетов, кој уште од самото доаѓање на функцијата претседател на РФМ беше свесен дека резултатите на машкиот национален тим се мерило за успехот на функционирањето на нашата ракометна куќа, објави „Екипа“.Со оваа победа и пласманот во втората фаза се докажа дека новите ветришта во РФМ носат „плус“ не само на организациски, туку и на резултатски план.

-Момците покажаа уште еднаш дека имаат капацитет и дека во секоја ситуација се спремни и орни за борба, дека се борат за оваа држава и даваат се од себе на секој натпревар. Ова е феноменален резултат, ова што го направивме бидејќи со оваа победа сме скоро сигурно пласирани меѓу најдобрите десет селекции во Европа, а секој нареден триумф би не носел две до четири места нагоре. Тоа за мене е феноменален успех, браво за момците. Сега пред нас е втората фаза, стартната цел е исполнета, а сега сето она што ќе го направиме по ова ќе биде уште еден голем плус за македонскиот ракомет“ – изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


