| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Борко Ристовски ја одведе Македонија во следната фаза на ЕП

borko

Македонската ракометна репрепзентација во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Данска ја совлада репрезентацијата на Австрија со 22-21. Нашиот состав одигра одличен натпревар и во текот на сите 60 минути беа сконцентрирани во фазата во одбрана и затоа успеа да прими само 21 гол. Јунак на натпреварот е „министерот за одбрана“ Борко Ристовски со 19 одбрани. Во текот на мечот Австријците се покажаа како одлична репрезентација која ќе стравува за понатамошниот пласман на ЕП. Како и на секој натпревар, така и на овој осцилациите во играта се големи бидејќи не успеаваме да постигнеме гол во подолг период од играта. Од добиен натпревар можеше лесно да се случи да ја прокоцкаме победата и до крајот да стравуваме за пласман во следната фаза од натпреварот.
Во нападот одлично одигра капитенот Кире Лазаров со осум гола. Одличен натпревар одигра и Филип Миркуловски, кој успеваше да извлече неколку исклучувања на противничките играчи и да биде досуден пенал врз него.
Сепак, во финишот со два гола на Стојанче Стоилов и успешно реализираниот пенал на Лазаров успеавме од два гола негатива да дојдеме до предност и да извојуваме победа вредна пласман во следната фаза. Со оваа победа во случај на победа на Данска над Чешка, Македонија пренесува два бода во следната фаза и има шанси се бори за повторување успехот од претходното Европско првенство и осовјување на петтото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top