| четврток, 6 декември 2018 |

На полувреме: Македонија – Австрија 12-10

По првотополувреме Македонската ракометна репрезентација води со два гола разлика (12-10). Одлична игра во одбраната во овие 30 минути. На голот е фантастичен Борко Ристовски со 11 одбрани. Во нападот играме разноврсно со повеќе додавања. Капитенот Кире Лазаров е стрелец на четири гола од кои два од пенал. Досега единствено неможеме да најдеме решение за австрискиот пивот Фелцер кој постигна четири гола. Најдобриот играч на Австрија натурализираниот унгарец Силаги упати само еден удар и тоа неуспешен. Разликата можеше да биде и поубедлива ако голманот на австијците Мариновиќ не успеа да фати 10 топки. Ова е клучен натпревар за Македонија и во случај на победа ќе се пласираме во следната рунда од натпреварите и притоа ќе пренесеме и два бода кој ни ги отвараат вратите и за четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top