Големата спортска ракометна марка „хумел“ не пропушта ни најмал детаљ од Европското првенство, кое се одржува во срцето на нивниот најсилен пазар. Дирекцијата во Архус со внимание го следи секој натпревар, особено тие на нивните заштитни лица. Лазаров, Хансен и Нарцис се најголемите ѕвезди што носат опрема „хумел“, а на овој турнир играат со новодизајнираните жолти патики. Директорката за маркетинг, Кристине Норден, со задоволство говореше за проектот на компанијата и за значењето на нашата ракометна ѕвезда Кирил Лазаров за нивната марка.
– За нас многу значи што сме водечка ракометна марка и шанса како оваа, првенството да се одржува во Данска, не смееме да пропуштиме. Затоа само за овој настан ги изработивме овие посебни патики. Тие патики ги носат Лазаров и останатите наши модели, Микел Хансен и Даниел Нарцис. Тоа е одлична можност да ги промовираме ракометот и нашата работа. Со Лазаров се запознавме за време на Светското првенство во Хрватска во 2009 година. Тогаш беше млада ѕвезда, но извонреден ракометар. Тогаш го собори рекордот на сите светски првенства. За нас е фанстастично да имаме ѕвезда како Лазаров во нашата група – изјави Кристине Норден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.