| четврток, 6 декември 2018 |

„Државна видео лотарија“ ќе ги регулира интернет игрите на среќа

lottery-scam-2-Државната видео лотарија“ која ќе ги регулира интернет игрите на среќа ќе стартува до крајот на месец март или почетокот на април оваа година – изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој посочи дека досега интернет игри на среќа во Македонија не постоеле и многу финансиски средства се одлевале надвор од држвата во странски интернет игри.

Во Државната видео лотарија 51 отсто учество ќе има Државната лотарија на Македонија, а нејзин партнер со 49 отсто учество ќе биде светски реномираната компанија „Австрија Казино“ која врши таква дејност во повеќе од 40 земји во светот.

Државната лотарија на Македонија нема да има директен финансиски учинок, а „Австрија Казино“ во овој проект на самиот почеток ќе вложи 6 милиони евра.

-Со реализацијата на овој преокт и неговото профункционирање ќе се остварат поголем број на цели како поголема регулација на самиот систем на организирање на интернет игри на среќа, но она што е најважно е дека во идниот период нема да имаме одлив на значителни милионски суми на средства надвор од Р.Македонија како што тоа се правеше во перодот кога ваков тип на игри на среќа не беа организирани од домашен субјект, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека тоа дополнително значи поголеми приходи во Буџетот на Р.Македонија по основ на определени даноци и поголем број на средства за оние ставки што се финансираат преку добиени средства од организација на игри на среќа како што се повеќе средства за здравство, екологија, за помош на ранливи групи и останати целни групи кои што целосно или делумно се финансираат.

Европската практика покажала дека по регулацијата на оваа област од страна на државата и со учество на државата покрај овие позитивни фискални ефекти се дестимулира играњето на среќа и паѓа бројот на играчи што е на линија на заштита и на општествениот интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top