| четврток, 6 декември 2018 |

Прифатени забелешките од екстерното тестирање

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, прифати 151 забелешка од вкупно 720 кои стигнаа на адреса на ресорното министерство по однос на прашањата за екстерно тестирање, стои во изјавата што министерот ја дал за МИА. Тоа значи дека од вкупно 60.000 прашања 151 ќе биде коригирани, и повторно ќе бидат објавени во таканаречениот „базен на прашања” за екстерно тестирање во пресрет на тестот кој за матурантите е закажан на 22 – ри и 24 – ти јануари.

-Сето она што беше издржано и основано е прифатено и направени се соодветни корекции на 151 прашање од аспект на конципираност, превод и редакција, така што во тој дел не очекувам да има реакции откако ќе отпочне процесот, затоа што дадовме можност целата јавност да придонесе за уште поуспешна негова реализација”, истакна Ристовски.

Матурантите во недела ќе ги знаат двата предмета за тестирањето закажано за идната седмица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top