
Идната министерка за образование Рената Десковска на прес-конференција во Собрнието порача дека нема да има екстерно тестирање.
– Одблокирана е работата на Собранието и направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование и уште утре на дневен ред ќе биде екстерното тестирање. Се надеваме дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно, ќе се работи и в сабота и в недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти, како овластување на министерот, за измена на овој закон – рече Десковска.
Претходно, и пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека постојат сите закони и технички можности Собранието утре да го укине екстерното тестирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


