Првата дама на САД, Мишел Обама, изјави дека жените имаат апсолутно право да прават што сакаат, дури ако во тоа спаѓа и спречување на стареењето.
Педесетгодишната Мишел вели дека нема намера да подлегне на пластични операции, но нема ништо против нив.
– Жените треба да имаат слобода да прават што ќе посакаат за да се чувствуваат подобро. Моментално мислам дека јас нема да одам по тој пат, но во животот научив дека никогаш не треба да велиш никогаш – изјави Мишел.
– Редовно одам на прегледи и се хранам здраво. Како што знаат сите, вежбам. Сакам да трчам, а ја сакам и јогата која ме одржува – додаде таа.
– Денес има многу жени кои во доцните години изгледаат фантастично, видете ја само Џејн Фонда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


