Поранешната прва дама на САД Мишел Обама ја објасни чудната реакција за време на поздравувањето со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на денот на инаугурацијата.
Таа изјави дека нејзината намера не била да ја фрли во сенка првата дама и новоизбраниот претседател, туку дека на тој начин се обидувала да ги скрие чувствата.
Како што кажува Мишел кога пристигнале Трамп пристигнал, во тој момент на задната врата излегувале нејзините ќерки Малиа и Саша кои во Белата куќа живееле осум години, збогувајќи се со солзи во очите со луѓето кои работат во Белата куќа.
Обама изјави дека не сакала да и ги видат солзите, бидејќи била сигурна дека луѓето ќе зборувале дека таа плаче поради изборот на новиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.