| четврток, 6 декември 2018 |

Камилите и ботокосот

Дванаесет камили се дисквалификувани од натпреварот за убавина во рамки на фестивалот на камили, кој секоја година се одржува во Саудиска Арабија, бидејќи за нивното разубавување користеле ботокс.

Наградите се доста значителни, со вредност од дури 46 милиони евра, па сопствениците на учесниците неретко прибегнуваат кон користење контроверзни методи, за да дојдат до титулата.

„Користеле ботокс за уста, за горната и долната усна, за муцката, дури и за вилицата“ изјавил син на емиратски одгледувач на камили, Али ал Мазруеи.

Како што објаснил Мазруеи, со ботоксот се зголемува главата на камилата, што е пожелно за да се задоволат стандардите за убавина. Некои одат и подалеку, па секојдневно им ги извлекуваат усните за да им ги направат поистакнати или користат хормони за да ги направат помускулести. Покрај ботоксот, некои камили се фарбани или оперирани за да им се намалат ушите.

Годишниот фестивал на камили на кралот Абдул Азиз е важен настан кој трае еден месец, а се одржува секој јануари на периферијата на Ријад, каде дефилираат околу 30.000 камили.

Главен критериум при оценувањето на камилите се тенки и мали уши и што поголема муцка, како и општиот физички изглед и положба на грпката. Забрането е да се оперираат камилите за да им се измени обликот на телото или да им се исечат ушите, а забрането е и користење на лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top