| четврток, 6 декември 2018 |

Женско лудило станува машка манија: Мажите ги полнат тестисите со ботокс

За разлика од многу будалаштини што потекнуват од Америка, инјекциите со ботокс за тестиси, многу популарни во Европа, се автохтона европска будалаштина.
Методот колоквијално се вика скротокс (по скротум – ќесето во кое се сместени мадињата) и, наводно, има повеќе видови корист – спречува прекумерно потење, исто како кога овој невротоксин се користи под пазувите или на дланките.
Популарноста на постапката полека расте благодарение на мажите што се решаваат за оваа интевенција од естетски причини. Сепак, освен што имаат есетски и здравствени благодати, ботоксот го подобрува сексуалниот живот така што сета таа зона околу тестисите ја прави почувствителна.

testisi

Ботоксот се инјектира со фини тенки игли неколку пати во одредено подрачје исто како што се нанесува на чело. Се работи за многу мали количини ботокс за разлика од тие што се инјектираат во лице, па со тоа и методот чини помалку. Така, пациентите 3-4 месеци добиваат поголеми тестиси во постапка што е безболна.
За да забележат разлика, мажите велат дека им требало околу една недела. Тестисите изгледаат поголеми, но предупредуваат дека се јавува извесно чувство на тежина, кое поминува неколку дена по третманот.
Сепак, по зафатот можно е да се намали бројот на сперматозоиди, но тоа е привремено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top