Советникот во Собранието на Општина Косовска Митровица, Димитрие Јаниќијевиќ е убиен ноќеска пред неговиот дом во северниот дел на градот.
Како што јави Танјуг, Јаниќијевиќ бил убиен некаде по полноќ, кога врз него било пукано од автоматско оружје. По нападот тој бил пренесен во болницата во Косовска Митровица, каде бил примен „без знаци на живот“.
На претходните локални избори, 35-годишниот Јаниќијевиќ беше кандидат на Самостојната либерална партија за градоначалник на Косовска Митровица.
Мотивите за нападот и убиствиото на Јаниќијевиќ засега не се познати. Јаниќијевиќ е татко на три деца, а неговата сопруга е бремена со четврто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.