Поранешниот генерален секретар на младината на СДСМ, Михаел Младеновски вечерва е приведен по тепачка пред сендвичарата „Седмица“ во Скопје, јавува А1 он. Порталот, повикувајќи се на очевидци, пишува дека Младеновски заедно со уште петнаесетина лица нападнале млад човек. Полицијата која била во близината ги уапсила и при претресот кај нив се пронајдени ножеви.
Михаел Младеновски беше генерален секретар на СДММ, и еден од првите кои јавно му се спротивстави на тогашниот лидер Бранко Црвенковски, по што беше исклучен од партијата. Во моментов тој е дел од Алијансата за позитивна Македонија на Владо Бучковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


