| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција посветена на културното наследство

Резултатите од последните спроведени истражувања во областа на заштитата и афирмацијата на културното наследство и негова валоризација во туристички цели се главната тема на расправа во рамки на втората Меѓународна конференција што во организација на Институтот за социокултурна антропологија и универзитетот ЕСРА од 17. до 19. јануари ќе се одржува во Охрид.

Според организаторот на Конференцијата, културното наследство и археолошкото богатство се можеби главните предуслови за развој на културниот туризам, како дел од севкупната туристичка понуда на државите.
На конференцијата е предвидено да бидат презентирани 49 трудови сработени од повеќе од 60 научни работници од земјата и странство, а во рамки на собирот ќе биде отворена и тематска изложба на фотографии за археолошките бисери на Азербејџан.
Собирот во Охрид се одржува со поддршка на локалната самоуправа, МАНУ и Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top