Египќаните во Македонија се задоволни од досегашната интегрирачка политика на Владата на Република Македонија и очекуваат дека и во иднина ќе продолжи владината поддршка во насока на подобрување на статусот на Египжаните во Македонија.
– Во последните години, благодарение на интегрирачката политика на Владата на Р.Македонија, како и Охридскиот рамковен договор, помалите етнички заедници, солидно се интегрираа во институциите на системот, а особено припадниците на етничкиот кампус на Ромите во Македонија, кои, ако направите една мала анализа, добија многу од државата, имаат свои пратеници, министер, преставници во вториот и третиот ешалон, нешто што само може да се посака – истакнува Демир Далип од ОПЕМ и Овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка.
Тој е благодарен за поддршката што ја добиваат од нивните пријатели, особено на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
– И покрај сите околности, ние не лелекаме пред меѓународниот фактор, туку нудиме и бараме решенија како и ние, како Египќани, да се интегрираме во едно мултиетничко општество – вели Далип кој истакна дека ОПЕМ и невладината НВО Коалиција за Египќаните, ќе ја водат легитимната акција, во насока на подобрување на статусот на Египканите во Македонија, притоа имајќи доверба и лојалност, во институциите на системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


