| четврток, 6 декември 2018 |

Ријана: Не смеев да имам момче до 16 години

Пејачката Ријана откри дека нејзината мајка, кога таа била тинејџерка и забранувала да се забавува со момчиња.

Сите ние сме добро запознаени со нејзината турбулентна врска со раперот Крис Браун, но и за шпекулациите за нејзината врска со раперот Дрејк, но кога била тинејџерка, Ријана не била толку слободна во тој поглед.

За магазинот „Тин Вог“ пејачката открила дека нејзината мајка и забранувала да има момче, се додека не биде постара.

Меѓутоа, Ријана вели дека тоа не и сметало воопшто, бидејќи момчињата не ја ни забележувале и додаде дека во тоа време таа била рамна како даска.

– Не смеев да имам момче. Кога наполнив 13 години, мајка ми ми кажа дека можам да имам момче кога ќе наполнам 16 години, а кога наполнив 16, границата на мајка ми се зголеми – рече Ријана низ смеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top