
Зоран Заев, лидерот на СДСМ во интервју на МРТ пред новогодишните празници изјави дека капиталот на неговото семејство изјави дека изнесува 6-7 милиони евра.
-Лично јас спаѓам сѐ уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство кое што има 820 вработени. Капиталот е проценет на некои шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството, обидувајќи се редовно да дадеме плата и платиме даноците на државата и генерираме нови производи, нови продукции кои значат нови инвестиции. Се што имаме е овде во Македонија- рече тогаш Заев.
Но денеска Дневник излезе со нови податоци, а судејќи според нив, Заев не ја кажува вистината. Според документацијата на Дневник речиси 12 милиони евра (или точно 733.898.440 денари) тежеле во 2012 година фирмите што ги поседуваат најблиски роднини и пријатели на лидерот на СДСМ.
Весникот дојде до документите што укажуваат на билансите со сметководствената вредност што овие фирми ги направиле на крајот од 2012 година. Притоа нето-добивката што ја оствариле таа година изнесувала 2 милиона евра.
-Заев, никаде не фигурира како сопственик на фирма или, пак, некое одговорно лице, но се работи за 20 фирми кои гласат на таткото, братот и на чичкото на Заев, потоа на неколку братучеди, зетот, како и на ортакот на Заеви во неколку фирми – Горан Kрстев и неговиот татко – пишува Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


