Оваа Влада не дава ветувања пред граѓаните ако не може да ги исполни. Но, многу често се обидува и прави максимални напори да надмине проблеми за кои смета и ќе оцени дека се сериозни.
Така ќе продолжиме и тоа е добро, кога една влада ветува помалку од она што го остварува, рече денеска премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање.
Груевски информира дека двете законски решенија што беа усвоени на вчерашната владина седница, а со кои се решава проблемот на професионалните војници и стечајците од државни фирми, ќе бидат донесени во Собранието најдоцна до крајот на идниот месец.
– Од овие два закона бенефит ќе имаат околу 7.000 лица. Долг период работевме на тоа како да го решиме нивниот проблем и изнајдовме начин. Иако овие решенија ги немавме ветено, успеавме да и помогнеме на оваа категорија граѓани – истакна премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


