| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејна ревијална годишна изложба на ДЛУМ

В петок (17.01.) во 20 часот во Културно информативниот центар ќе се оддржи отворањето на јубилејната ревијална „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која се организира како настан по 60 пат. На изложбата ќе бидат претставени дела на 91 автор од цела Македонија. Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност од кои најзначајни се наградите “Нерешки мајстори“ за сликарство  и скулптура.

Оваа година изложбата ќе се одржи на две локации. Отворањето ќе биде во Културно информативниот центар, потоа ДЛУМ Ве поканува во Домот на Армијата да ја проследите поставката на делата и да уживате во неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top