Денеска во Сараево ќе биде отворена новата зграда на Гази Хусрев-беговата библиотека. Библиотеката е основана во 1537 година и располага со најголемиот фонд ориентални ракописи во Југоисточна Европа.
Гази Хусрев-беговата библиотека е најстарата јавна библиотека во Боснa и Херцеговина и институција која во континуитет работи од своето основање. Основниот фонд со околу 10.000 единици го сочинуваат ракописи на арапски, персиски и турски јазик кои потекнуваат од различни краишта на исламскиот свет, посебно од големите културно-научни центри како Мека, Медина, Каиро и Багдад.

Библиотеката во својата долга историја, никогаш немала нaменски изградена зграда, па така во 2003 година со донација од Емирот од Каиро започна изградбата на нов и современо опремен објект.
На свечентото отворање ќе присуствуваат високи претставници од Катар и од целиот исламски свет, а во живо ќе се пренесува и преку неколку медиуми.

Гази Хусрев-беговата џамија или само Бегова џамија во Сараево, поради својата привлечност и големина е еден од најзначајните споменици на сакралната исламска архитектура на Балканот. Изградена е во 1530 година. Џамијата е задужбина на Гази Хусрев бегот, владетел на Босанскиот санџак. Ја проектирал Ајем Есир Али од Тибрис, еден од најголемите истанбулски архитекти, а ја граделе дубровнички мајстори. Џамијата има квадратен облик, со купола со пречник од 13 метри и висика од 26 метри. На неа се надоврзани помали куполи и полукуполи. Ентериерот на џамијата зрачи со несекојдневна уметничка атмосфера. Покрај џамијата е поставен шадрван, чија вода служи за ритуално миење пред молитвата. Денешниот облик со купола датира од 1893 година. Од 1530 година на истото место стоел бунар. Во сенка на џамијата и столетните липи се две турбиња, во кои во 1541 година се закопан Гази Хусрев-бег и неговиот заробеник, а подоцна и негов голем пријател, далматинецот Мурат-бег Тардиќ. Недалеку од џамијата е саат-кулата и медресата. Во 16 век кога била изградена, Беговата џамија претставувала објект од исклучителна важност за урбаниот развој на Сараево и еден од најзначајните објекти од богатото наследство на Гази Хусрев-бег.
Ова е првата џамија во светот која во 1898 година добила електрично осветлување.

Библиотека во Гази Хусрев-беговата џамија е основана во 1537 , заедно со училиштето (мадрасах ) и таа е најстарата високообразовна институција во Сараево за настава.
Во својата оставина за изградбата Гази Хусрев-бег запишал: ” … се што останало од средствата за изградба, да се користи за купување на добри книги, кои ќе бидат искористени во училиштето и библиотеката , а за оние кои би ги прочитале и за оние кои се вклучени во областа на науката да ги копирате од овие книги. ”

Поради тоа оваа библиотека се смета за прва и најстара културна институција на Бошњаците .
Комплетната збирка на книги со тек на време станала поголема, бидејќи голем број на поединци подариле или донирале книги за библиотеката . Во некои случаи и цели домашни библиотеки биле дадени како подарок. Голем број на ракописи и други вредни книги, како и неколку приватни збирки, биле купени од страна на Исламската заедница на Босна и Херцеговина за оваа библиотека. Целокупниот книжен фонд денес е 60.000 единици. За разлика од збирките на веќе споменатите ракописи , постојат и други печатени книги, периодика и историски документи на три ориентални јазици, на англиски и некои други европски јазици. Од периодиката сочувани се најстарите весници и списанија печатени во Босна и Херцеговина , додека во архивите се сочувани документи поврзани со историјата на Босна и Херцеговина во периодот на османлиското владеење . Таа, исто така има важна збирка на 1400 вакуфими (судска евиденција и протоколи) од шеријатскиот суд во Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неред по улиците на Сараево: Воени ветерани уништуваат и кршат што ќе стигнат (видео)
-
Tрадиционалниот концерт на Сараевската филхармонија, оваа година во знакот на Македонија
-
Сараево подготвено го пречекува Ердоган
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“


