| четврток, 6 декември 2018 |

СИРИЗА го обвини Венизелос дека води тајна надворешна политика

venizelos_karate

Најголемата опозициска партија во Грција, Сириза ја обвини грчката Влада дека води тајна надворешна политика, истакнувајќи дека партиите треба подетално да се информирани за состаноци како што е утрешниот во Вашингтон, на кој ќе се разговара и за името на Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Ввенизелос  утре во Вашингтон ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери, со кого ќе разговара за повеќе билатерални прашања, приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, кипарското прашање и спорот за името на нашата земја.

Во тој контекст, Рена Дуру од Сириза, која е одговорна за надворешна политика, побара итен состанок на Националниот совет за надворешна политика, потсетувајќи дека последниот состанок е одржан пред два месеци и оти партиите требало да дискутираат пред средбата на Венизелос со Кери.

Таа истакна дека во исто време главните настани во надворешната политика, но исто така и во  поширокото соседство, се згуснуваат и додаде дека поради претседателството со ЕУ, грчката Влада води тајна надворешна политика и избегнува да им дава дури и основни информации на партиите за критични прашања, кои можат да го одредат идниот развој на настаните. Дуру нагласи дека Владата ќе сноси целосна одговорност за ваквата политика, за одлуките што ги носи и за последиците од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top