Кристијано Роналдо ја доби „Златната топка“ за 2013 година, престижно признание на францускиот „Лекип“ и на ФИФА, а интересни детали излегоа на виделина по синоќешната церемонија.
Главни противкандидати на португалскиот ас за наградата му беа лутиот ривал од Барселона Лионел Меси и Франк Рибери од Баерн. Медиумите објавија кој за кого гласал, а шокантно е што Роналдо и Меси потполно се игнорирале еден со друг и воопшто и не си доделиле поени.
Роналдо му дал пет поени на Радамел Фалкао како најдобар фудбалер според него во 2013 година, а потоа го рангирал Герет Бејл на второто место и Месут Озил на третата позиција.
Меси си постапил според истата тактика, па сите три избори му се од клубот во кој настапува, Барселона. За Лионел најдобар на планетата за 2013 е Андрес Иниеста, потоа доаѓа Чави Ернандес и Бразилецот Нејмар.
Системот на гласање е компликуван и право на избор имаат капитените и селекторите на сите европски репрезентации, плус и новинари од одредени медиуми. За прво место се доделуваат 5 поени, за второ 3 поени и за третата позиција еден поен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лука Модриќ ја освои „Златната топка“
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)