| четврток, 6 декември 2018 |

Ермира Мехмети: Или по наше, или ќе ја напуштиме коалицијата

Gruevski-Ahmeti-4ДУИ преку весникот Вест отворено се закани дека се подготвени да ја напуштат Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ не се согласи со нивниот предлог за консензуален кандидат за Претседател на Македонија.

“Ова ќе биде тест за владината коалиција. Ние веруваме дека во досегашната соработка со ВМРОДПМНЕ сме создавале меѓусебна доверба за да можеме да ги надминеме овие разлики. Освен тоа, политика со инает не се води“ – ја пренесува весникот пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети.

Спорд неа доколку ВМРО-ДПМНЕ му даде можност за нов мандат на Иванов, тогаш за партијата од Мала Речица сите опци се отворени. Мехмети за Вест вели дека за тоа се разговарало во партијата, но не открива дали тоа значи дека ДУИ може да му даде поддршка и на кандидатот на опозицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top