| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров доби компири од Ајдахо на подарок од Кери

Можеше ли светот пред 30-тина години да очекува ваков развој на дипломатските односи меѓу истокот и западот?

lavrov-i-keri-podarociСергеј Лавров, шефот на руската дипломатија денеска на подарок од својот американски колега, државниот секретар Џон Кери доби- големи компири од Ајдахо. Лавров слатко се насмеал на состанокот во Париз, присетувајќи се на моментот кога Кери му зборел при нивната последна средба за најпознатиот извозен производ на Ајдахо. Коментарот на рускиот министер бил дека подароците се импресивни.

Од друга страна членовите на руската делегација за да не ги разочараат своите американски колеги ја избрале портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, за цел на нивниот подарок – розева „ушанка“, руска шубара со штитници за ушите, која имала и црвена петокрака на предната страна.

subara-480x377Лавравов подоцна се пошегувал и кажал дека компирите, поради тоа што личат на моркови, можат да бидат искористени за стратегијата „морковот и стапот“ за сите што ќе се обидат да ги попречат историските преговори Женева 2.

Делегациите на Русија и САД се состанаа во Париз со опозиционите групи од Сирија пред престојната втора рунда разговори под покровителство на ОН во Швајцарија идната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top