Русија ќе биде подготвена да биде посредник во решавањето на кризата околу Катар, ако биде побарано тоа, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
-Ние ги поддржуваме напорите кои ги презема Емирот на Кувајт, Сабах ал Ахмед ал Сабах. Ако во рамките на овие напори или во прилог на нив сите земји сметаат дека Русија може да направи нешто корисно, тогаш ние ќе бидеме подготвени да одговориме на барањето“, истакна Лавров во интервју за курдскиот телевизиски канал „Рудав“.
Рускиот министер истакна дека Москва одржува врска со сите учесници во конфликтот. „Ние сме заинтересирани оваа криза да биде решена преку известување за меѓусебната загриженост, преку барање на такви решенија кои ќе бидат прифатени од сите инволвирани во овој процес“, додаде Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.