| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се откупуваат само становите за лицата со ниски примања

stan4

Донесена е Одлука за откуп на станови во сопственост на државата која се однесува на лицата со ниски примања. Со неа не се опфатени становите наменети за социјално ранливите категории или децата без родители, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

– Програмата по која овозможивме продажба на становите се однесува за лицата со ниски примања. Оваа програма на пример не се однесува на становите во скопската населба Ѓорче Петров бидејќи тие се по програма исклучиво за лица кои се приматели на социјална парична помош или деца без родители, појасни министерот Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во 2013 година.

Директорот на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов информира дека досега киријата за овие станови изнесувала околу 15 денари по метар квадратен без вклучен ДДВ во зависност од градот и општината.

Министерството за транспорт и врски вчера објави дека лицата кои живеат во станови доделени од државата врз основ на ниски приходи ќе можат да ги откупат под поволни услови. Оние кои нема да ги откупат, ќе плаќаат закупнина и тоа пониска или социјална доколу спаѓаат во ранливи категории граѓани, и комерцијална доколку не се во овие категории. Средствата од продажбата ќе се користат за изградба на нови станбени единици со кои државата ќе го реши прашањето за домување на други категории граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top