| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците навалија во Пирин: Станови во Банско се купуваат за 10.000 евра!

Англичаните и Русите веќе долго време не се активни на пазарот на недвижности во Бугарија, пишува бугарскиот портал факти.бг. Според анализата на порталот Србите и Македонците се на прво место според бројот на купени викендици во ова бугарскиo ски одморалиште.

Главната причина за ова, според аналитичарите се достапните цени. Исто така тие се привлечени од добрата локација на одморалиштето и скијачкиот центар на Пирин планина. Интерес за купување имаат и богатите Турци.

Во последните 10 години цените на викендиците и становите во најголемото зимско одморалиште во Бугарија-Банско паднаа тројно.

На крајот на 2007 и почетокот на 2008 година квадрат чинел од 1.200 до 1.500 евра, сега може да се купи имот за цени од 350 до 450 евра за метар квадратен.

Ова не важи за луксузни апартмани, кои што се продаваат по цена од 900 евра метар квадратен.

Просечната цена на еднособен стан во Банско изнесува околу 450 евра за метар квадратен ако се види на најголемата страна за недвижности, имот.бг.

Идеален стан со површина од околу 41 метар квадратен се нуди по цена од 15.000 евра изграден во 2008 година.

Стан од 30 квадрати изграден во 2007 година може да се најде по цена од 10.000 евра

Речиси идентична е вредноста на двособните станови кои се продаваат по цена од 460 евра за метар квадратен. Најевтини можат да се купат за 20.000 евра за стан од 75 квадрати. Најскап стан од овој тип, како што е објавено на сајтот за недвижности е 29.000 евра.

Во моментов во банско се нудат околу 700 двособни станови и 250 трособни станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top