Го видел ли некој Зоран Заев последниве 3-4 дена? Kаде е човекот? Остана во Брисел? Се загуби на аеродроми? Останал на некој од терминалите? Исчезнат е? Повлечен во самоизолиција? Или ПР-тимот на СДСМ му забранил да дава изјави. Ги видоа неговите последни интервјуа и се гледа дека човекот си дава автоголови. И себеси и на СДСМ. Седнале, размислиле и донеле одлука на претседателот на СДСМ да му препорачаат поретко да излегува на медиуми. Нормално, тоа на Заев му е претставено како ПР-стратегија, како спин, како моментална тактика, но всушност работата е јасна. Луѓето од Центарот за комуникации на СДСМ имаат медиумско искуство, имаат очи, знаат да соберат два плус два и видоа дека нема оправање од гафовите на Заев. Не им е лесно – ова е дел од колумната на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, објавена во Дневник.
Според него, сето ова е логичниот заклучок од, како шт пишува, „целата рашомонијада од посетата на Заев и на Шекеринска во Брисел“. Ѓорчев смета дека врв на сѐ била наместената „изјава” од Заев во самиот Брисел.
-Демек микрофон пред него, а тој демек одговара на прашање на репортер или новинар. Со поглед во далечината – пишува Ѓорчев, додавајќи дела Заев и Шекеринска морале да се кријат низ бриселските ходници од македонските новинари затоа што беа свесни дека Заев ќе тресне некоја зелена доколку кој било новинар застане пред него со микрофон. И
-Зеле некој телефон со повеќе мегапиксели или некоја домашна камера, вклучиле на снимање и… Заев зборува. Демек дава изјава. Kаква брука. Демек ние нема да забележиме дека се работи за наместена изјава. Важно Заев го виде Брисел.А кој ја снимаше изјавата на Заев? Беше со мобилен телефон или со камера? Шекеринска снимаше? Или замолиле некој случаен минувач? Онака од љубезност или сожалување да им сними изјава. Kако сликање на плоштад кога ќе се отиде во странство. И имаше прашања или го пуштија Заев самиот да зборува? Се збуни ли во давањето изјава? Мораа да повторуваат? Мораа да чекаат да се сконцентрира за изјавата? Kолку време пред изјавата Шекеринска го брифираше и му суфлираше што да каже? Му кажа да се сконцентрира и да внимава? Му пишаа по СМС од „Бихаќска” што да каже? Мислам, што друго да се каже…
Целата колумна прочитајте ја во Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.