Покрај тоа што веќе има 20 тетоважи, Ријана реши да се почасти со уште една во студиото „Бенг Бенг Тату“ во Њујорк.
Пејачката во салонот била од полноќ се до пет часот наутро, а овој пат тетовирала голем крст од внатрешната страна на десната рака.
– Сакам да се дружам во салоните за тетоважи и станав опседната со нив. Ме интересираат и сакам да ги проучувам. Тату-салоните се возбудливи места – вели Ријана.
Ријана првата тетоважа ја ставила во 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.