Веднаш по гласање на законите за медиумите во Собранието на Република Македонија на првата владина седница беа предложени и поминаа законските измени. Тие се веќе во собраниска процедура и очекуваме да бидат усвоени, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими по работниот состанок со
министерот за правда Блерим Беџети во рамки на ЕУ/ИПА институционалните посети, предвидени во Агендата ЕУ 2014 на СЕП.
– Како што беше договорено на состанокот и најавено на прес конференцијата на министерот Иво Ивановски и Здружението на новинарите на Македонија, ги поддржуваме напорите за продолжување на дијалогот меѓу Министерството за информатичко општество и јавна администрација и ЗНМ и во однос на другите теми кои треба да се дискутираат во областа на медиумите, што е една од заложбите на Владата – рече Бесими.
Во контекст на тоа истакна дека слободата на изразување е гарантирана со Уставот на Република Македонија.
– Ние сме целосно посветени на реформската агенда за европските интеграции и нема ниту една тема што може да не дефокусира од нашата заложба од евроинтеграции и за евроатланската иднина на Република Македонија. Покрај фактот дека ние добиваме петта препорака по ред, остануваме активни во однос на реформите – истакна Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.