Сем Бернс седумнаесетгодишното момче кое боледуваше од „прогерија“, болест позната и како „Бенџамин Батон“, почина поради здравствени компликации предизвикани од самата болест.
„Најстариот тинејџер“ боледуваше од прогерија, наследна генетска болест која предизвикува рапидно стареење, а кај Сем е дијагностицирана кога имал само 1,5 години. Неговите родители инаку доктори по вокација, основале фондација за истражување, со цел да пронајдат лек за оваа смртоносна болест.
Минатата година на каналот HBO, беше прикажан документарен филм наречен „Животот по Сем“, кој е сниман цели три години во кој Сем истакнува дека сака неговата мајка да се посвети на нешто друго освен на наоѓање лек за неговата болест. Сем минатата година одржал предавање на познатиот TEDx во Лонг Бич.
Сем во саботата како почесен капитен требаше да заигра на натпреварот за неговиот омилен клуб Њу Ингланд Патриотс. Поради тоа пред почетокот на натпреварот членовите на тимот му оддадоа почит со една минута молчење.
Болеста прогерија е многу ретка и се проценува дека од неа страдаат околу 250 деца во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.