| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер му помагал на терористот во Франција

Во текот на ноќта, француската полиција приведе лице за кое се верува дека е вмешан во вчерашниот напад во југозападна Франција, јавија локалните медиуми.

Притворениот е малолетен, роден во 2000 година, и бил пријател на напаѓачот Редуан Лакдим.

Жена поврзана со 25-годишниот Лакдим беше уапсена вчера.

Синоќа обвинителството соопшти дека истражува дали напаѓачот со мароканско потекло имал помош или комуницирал со некого во врска со нападот.

Во нападот загинаа четири лица, вклучувајќи и еден полицаец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top