По завршувањето на вчерашниот натпревар од првото коло на ЕП во Данска против домаќинот каде нашата репрезентација загуби со 21-29 нашиот капитен Кирил Лазаров даде изјава во која тој се осврнува на следниот натпревар кој го играме во вторник против репрезентацијата на Чешка која во првиот наптревар беше високо поразена од Австрија со 20-30.
– Мислам дека конечниот резултат е превисок и дека реално беше да загубиме со 3-4 гола разлика, но сакале ние да признаеме или не Данска има поквалитетен тим и да бевме оние вистинските можеби повторно ќе не победеше. Чешка ни лежи повеќе заради стилот на игра. Можеби не очекував толку убедливо да загубат од Австрија, но поразот од Австрија го очекував„ рече нашиот капитен на денешниот брифинг со новинарите. Со оглед на тоа што со Данска немаме ниту една победа во официјален меч, сега и традицијата не е така црна што се однесува до нашиот нареден противник – Чешка. Од Ниш и нашата победа за пласман во втората фаза, не сме играле со Јиха и другарите и потсеќањето на последниот меѓусебен меч ни буди пријатни спомени. Нека биде така и во вторник во Хернинг – изјави Кирил Лазаров.
извор: kirillazarov7.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.